Welcome to Agens web store!
You have no items in your shopping cart.
Close
Filters
Search

About us

Добредојдовте на АГЕНС,  веб страна и електронска продавница.

Успешната приказна за семеен бизнис која трае речиси осум децении ни овозможува да Ви се претставиме преку нашата производна програма на ракотворби и сувенири  инспириран и посветен на богатата Македонска историја, култура и традиција.

Ракотворбите,  претставени на порталот се оригинални, автентични, уникатни и рачно изработени предмети од тим на 45 постојано вработени високомотивирани, добро обучени и способни поединци, а производите се продаваат во Македонија и повеќе од 12 други држави.

Покрај ракотворби и сувенири, Агенс во својот производен асортиман ги додава и останатите дејности како производство на плакети, награди, декоративна детска програма Angelline, информативни натписи и изработка на печати.

Искуството не научи дека квалитетот на производот е најважен и затоа постојано инвестираме во нашите производни капацитети кои се простираат на 1200м2 производен простор во кој спаѓаат линија за производство на дрво и дрвени производи, линија за производство на сувенири од месинг, алуминиум и други метали, линија за центрифугално лиење, линија за галванизација, фарбара и лакирница, линија за ласерско гравирање, маркирање и сечење, линија за монтажа, пакување и многу друга придружна опрема.

Уште во 2002 година Агенс успешно го имплементира и системот за контрола на квалитет ISO 9001-2000, а нешто подоцна и ISO 14001-2004. Со ова гарантираме дека производите и услугите се подложени на регулирани критериуми за квалитет.

Традицијата за производство во АГЕНС е дополнета со најнова технологија и меѓународно искуство, стремеж кон иновации, креативен дух и пред се страст за достигнување супериорен квалитет.

Веруваме во градење на одржливи партнерски односи со нашите добавувачи и деловни партнери и постојано се стремиме кон подобрување на квалитетот на нашите производи.

-  Дозволете искусниот Агенс тим да го отвори патот кон Вас за креирање на исклучителни и уникатни предмети  -

Close