Инспирирана од брош направен во техника на филигран, од раните 1900-ти, а откриен во педесетите години, така започнува приказната на нашата пеперутка.
Таа веќе станала неприкосновена сопственост на секој што живеел на оваа почва.
Накитот го носеле за разубавување, за заштита, за да се познае привилегираниот слој.
За се ова, е создадена таа зашеметувачка и едноставна убавина меѓу кревките крилца.
За се ова, со љубов, ја создаваме, одново, секогаш.
Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка
Дим.: 37х30(см)