Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворби и сувенири

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Ракотворба во двојна рамка,Црква ПЛАОШНИК- ОХРИД

Лоциран во стариот дел на градот, Плаошник е сосема единствен феномен, неодамна реконструиран, со посебно внимание на детали, прецизно, во стилот на Византиската црква. Првиот манастир бил изграден од страна на Св. Климент, со дедикција на Св. Пантелејмон, како патрон. Климент лично, изградил крипта во манастирот во која бил погребан по смртта. Во тоа време бил првиот и најстариот укинат универзитет во Европа. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€66,82

ШАРЕНА ЏАМИЈА, ТЕТОВО XV ВЕК

Една од најубавите џамии во Македонија е Шарената Џамија, со исклучителни декорации, заедно и во ентериерот и во екстериерот. Ѕидовите се декорирани со исклучителни цртежи во Отоманско-Турскиот барокен стил. Архитектонски е моноволумена, четвртаста зграда со минаре на десната зграда. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 37х30(см)
€78,89

Ракотворба во дрвена кутија ,Тетовска МЕНАДА (мала)

Овој мал украс што стоел на еден бронзен кратер пронајден во Тетово, многу брзо е прифатен како амблем на низа институции ширум Македонија. Датира од 520-500 год. Од старата ера, дел од дворјанска гробница од доцноархајско време, кога временски се завршува епохата на металот, а започнува раната историја во Македонија, чија материјална и духовна култура тесно е поврзана со големите светски центри на југоисток. Менадите биле женски учесници во Дионисиите, а овој примерок ги има сите квалитети на доцноархајска скулптура. Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54

Ракотворба во дрвена кутија,Алекасандар Македонски во штит(мала)

Александар носи круна со рогови од овен, за разлика од маслиновата, карактеристична за Римјаните и Грците. Овенот имал посебно место во културата на Античка Македонија. Неговиот портрет опкружен со старомакедонскиот симбол на вечноста, дел од обележјето на штитот на неговата армија. Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54

Ракотворба во дрвена кутија,МАКЕДОНСКО СОНЦЕ(мала)

Македонското сонце е несомнено најстариот симбол на светот, што сеуште опстојува како културно обележје на Македонците. Овој шестнаесет-крак амблем е почитуван преку три илјади години. Се појавува на монети, воена опрема и уметност на Античка Македонија и продолжува да биде национален печат на македонскиот народ, до денес. Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54

Ракотворба во дрвена кутија,МЕДАЉОН Св.Николе (мала)

Украсувањето на носиите е стара традиција, особено на предниот дел на градите. Златниот медалјон од XIV век е пронајден на локалитетот Ѓуриште – Св. Николе. Овој раритетен вид со разиграна форма се поврзува со личноста на Марија Палеологова, на која најверојатно и припаѓал. На него има вкрстени скапоцени камења – алмандини и се вбројува во групата на луксузни накити од средниот век. Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54
Затвори