Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворби и сувенири

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Раковторба на дрвена поставка МАКЕДОНСКО СОНЦЕ

Македонското сонце е несомнено најстариот симбол на светот, што сеуште опстојува како културно обележје на Македонците. Овој шестнаесет-крак амблем е почитуван преку три илјади години. Се појавува на монети, воена опрема и уметност на Античка Македонија и продолжува да биде национален печат на македонскиот народ, до денес. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
$21.48

Ракотворба во двојна рамка,Александар Македонски во кочија

Крал на Македонија, освојувач на Персиската Империја, сметан за еден од најголемите воени гении на сите времиња. Син на Филип Втори и Олимпија, принцеза на соседниот Епир. Престолот го наследува на дваесет години, по смрта на неговиот татко, поведувајќи ја македонската армија и освојувајќи го поголемиот дел од тогаш познатиот свет. Македонија станала најголемата Империја од Европа до Индија. Владеел надмоќно и со цврста воља. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 42х35(см)
$118.14

Ракотворба во двојна рамка,Александар Македонски во штит

Александар носи круна со рогови од овен, за разлика од маслиновата, карактеристична за Римјаните и Грците. Овенот имал посебно место во културата на Античка Македонија. Неговиот портрет опкружен со старомакедонскиот симбол на вечноста, дел од обележјето на штитот на неговата армија. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
$80.55

Ракотворба во двојна рамка,АМАЈЛИЈА

Претставуваат специјална група на производи блиски до накитот, но со поинаква намена. По приемот на христијанството, во овие краишта, појавени се бројни амајлии кои најчесто се носеле на вратот. Најраскошните меѓу нив се изработувани од два дела. Предната и задната половина се спојуваат и оставаат шуплина за чување реликвии во неа. Украсена е со рељеф на Распнатиот Христос, со Богородица и Св. Јован, опкружени со флорални елементи. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
$78.76

Ракотворба во двојна рамка,ГАЛИЧКА ПАФТА 1

Составен дел од облеката, најважен дел од појасот, се пафтите. Три елементи се во игра. Двата, сами по себе разделени, суптилно симболизирајќи крилја. Централниот дел го претставува соединувањето, како јадро на тајната на пафтите. А, тајната на македонската пафта лежи во поврзувањето. Штом еднаш ке биде сфатен нејзиниот концепт, ке се навлезе во анатомијата на традиционалното разбирање на поврзаноста на различните ентитети. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
$118.14

Ракотворба во двојна рамка,ГАЛИЧКА ПАФТА 2

Составен дел од облеката, најважен дел од појасот, се пафтите. Три елементи се во игра. Двата, сами по себе разделени, суптилно симболизирајќи крилја. Централниот дел го претставува соединувањето, како јадро на тајната на пафтите. А, тајната на македонската пафта лежи во поврзувањето. Штом еднаш ке биде сфатен нејзиниот концепт, ке се навлезе во анатомијата на традиционалното разбирање на поврзаноста на различните ентитети. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
$118.14

Ракотворба во двојна рамка,Детал од носија ТЕПЕЛАК 1

Невестински накит, малечка капа, карактеристичен за територијата на цела Македонија. Неговата функција не е само декоративна за да се прицврсти марамата, туку исто така симболична и заштитна. Со кружна форма, конвексно обработен, богато украсен со малежки ланци, парички и расички. Овој исклучителен примерок од крајот на XVIII век од Кичевско е украсен со претстави на два архангели и два двоглави орли, христијански белези често претставувани на накитот од тој период. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
$87.71

Ракотворба во двојна рамка,Детал од носија ТЕПЕЛАК 2

Невестински накит, малечка капа, карактеристичен за територијата на цела Македонија. Неговата функција не е само декоративна за да се прицврсти марамата, туку исто така симболична и заштитна. Со кружна форма, конвексно обработен, богато украсен со малежки ланци, парички и расички. Овој исклучителен примерок од крајот на XIX век е од Гостиварско, декориран со шест претстави на серафими – шестокрили ангели и високо стилизирани флорални орнаменти. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
$87.71
Затвори