Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворби и сувенири

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Сувенир гравура на метал,Црква СВ.БОГОРОДИЦА (мала )

Рождество на Пресвета Богородица е македонски православен христијански црковен храм кој се наоѓа во центарот на градот Скопје. Во минатото, во периодот од 1835 до 1944, црквата била соборен храм на градот Скопје и седиште на Скопската епархија (митрополија). Патрониот светец на црквата, Пресвета Богородица, е заштитничка на градот Скопје. Опис на производот: Гравура на метал на дрвена основа Дим: 26x21(см)
1.950,00 ден

Ракотворба во двојна рамка, Престолен крст-Струмица

Гледајќи го, со сето знаење, трпение и внимание, космичката структура на Крстот симболизира создавање, Христовата жртва и неговата љубов кон човештвото. Овој посебен примерок е Престолен Крст, употребуван за осветување вода, датиран на преминот XVIII-XIX век од Струмица. Комбинација е на два крста, еден метален и еден дрвен. Така, концептот на бидување на лулка на самото Создание, е истиот само интензивиран и продлабочен. Изгравираниот дрвен крст, го акумулира срцето на двата ентитети. Самата резба е изворен знак за распознавање на животворноста на Христијанството. Визуелно, двата се хармонична партитура на универзумот. Опис на производот: Ракотворба од никлован месинг и дрво во двојна рамка Дим.: 37х30(см)
4.900,00 ден

Ракотворба во двојна рамка,ПАФТА Скопје

Составен дел од облеката, најважен дел од појасот, се пафтите. Три елементи се во игра. Двата, сами по себе разделени, суптилно симболизирајќи крилја. Централниот дел го претставува соединувањето, како јадро на тајната на пафтите. А, тајната на македонската пафта лежи во поврзувањето. Штом еднаш ке биде сфатен нејзиниот концепт, ке се навлезе во анатомијата на традиционалното разбирање на поврзаноста на различните ентитети. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
6.600,00 ден
Затвори