Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворби и сувенири

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Ракотворба од теракота во дрвена рамка,Македонско Сонце

Македонското сонце е несомнено најстариот симбол на светот, што сеуште опстојува како културно обележје на Македонците. Овој шестнаесет-крак амблем е почитуван преку три илјади години. Се појавува на монети, воена опрема и уметност на Античка Македонија и продолжува да биде национален печат на македонскиот народ, до денес. Опис на производот: Врамена ракотворба од теракота Дим.: 25х25(см)
$25.06

ИКОНА Св.АРХАНГЕЛ

Михаил Архангел споменат во Откровението во Стариот Завет. Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како “еден од првите кнезови” кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и “големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ”. По талмудските преданија неговото име значи “како Ил (Бог)” или “Иловден”,”Илолик” (“Боговиден”,”Боголик” Опис на производот: Гравура на дрвенa основа Дим.: 20x14,5(см)
$21.48

ИКОНА Исус Христос

Исус, 7-2 година пред новата ера до 26-36 од новата ера бил еврејски пророк и рабин од Назарет, кој многу Евреи го сметале за голем учител. По неговата смрт станал централна фигура во христијанството и важна фигура во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се “претвотил” и станал човек – Исус Христос. Опис на производот: Гравура на дрвена основа Дим.: 20x14,5(cm)
$21.48

ИКОНА Св.БОГОРОДИЦА

Богородица Марија според верувањата на христијаните била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.Според евангелието, таа живеела во Назарет во тогашната покраина Галилеја. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил архангел Гаврил и и соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока. Опис на производот: Гравура на дрвен основа Дим.: 20x14,5(cm)
$21.48

ИКОНА Св.ГОРГИ

Свети Георги, Ѓорѓи или Ѓорѓија, е роден во Кападокија. Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Од љубов кон Господ Христос, Свети Георги без тешкотии оставил се заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите. Опис на производот: Гравура на дрвенa основа Дим.: 20x14,5(cm)
$21.48

ИКОНА Св.Димитрија

Свети Димитриј бил христијански маченик за кој се смета дека живеел во Солун во почетокот на 4. век. Во средновековието станал еден од најславените “воени” светители, и често се поврзува со Св. Георгиј. Неговиот ден се празнува на 8. Ноември. Најстарите записи за животот на Св. Димитриј доаѓаат од 9 век иако има слики за неговите чуда уште од 7 век. Во Македонија голем број цркви се посветени токму на Св. Димитриј. Опис на производот: Гравура на дрвенa основа Дим.: 20x14,5(cm)
$21.48

ИКОНА Св.НИКОЛА

Свети Никола, исто така е наречен Николај архиепископ Мирликиски е историски Христијански светец од 4 век од Ликија (дел од денешна Турција). Тој исто така е познат под името Никола Чудотворецот. Свети Никола е заштитник на морнарите, трговците,стрелците и децата. Во грчкиот фолклор, Свети Никола се опишува како “Господар на морето”. Православната црква го смета за еден од најголемите и најпочитуваните светци. Во Република Македонија празникот Свети Никола се слави на 19 декември. Опис на производот: Гравура на дрвенa основа Дим.: 20x14,5(cm)
$21.48
Затвори