Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворби во единечна рамка

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Ракотворба во единечна рамка,ПЛАОШНИК-Охрид

Лоциран во стариот дел на градот, Плаошник е сосема единствен феномен, неодамна реконструиран, со посебно внимание на детали, прецизно, во стилот на Византиската црква. Првиот манастир бил изграден од страна на Св. Климент, со дедикција на Св. Пантелејмон, како патрон. Климент лично, изградил крипта во манастирот во која бил погребан по смртта. Во тоа време бил првиот и најстариот укинат универзитет во Европа. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 29х20(см)
€41,06

Ракотворба во единечна рамка,ПРЕСТОЛЕН КРСТ (сребрен)

Гледајќи го, со сето знаење, трпение и внимание, космичката структура на Крстот симболизира создавање, Христовата жртва и неговата љубов кон човештвото. Овој посебен примерок е Престолен Крст, употребуван за осветување вода, датиран на преминот XVIII-XIX век од Струмица. Комбинација е на два крста, еден метален и еден дрвен. Така, концептот на бидување на лулка на самото Создание, е истиот само интензивиран и продлабочен. Изгравираниот дрвен крст, го акумулира срцето на двата ентитети. Самата резба е изворен знак за распознавање на животворноста на Христијанството. Визуелно, двата се хармонична партитура на универзумот. Опис на производот: Ракотворба од никлован месинг и дрво во единечна рамка Дим.: 29х20(см)
€47,50

Ракотворба во единечна рамка,СИМБОЛ на ВЕЧНОСТ

Овој симбол е распространет низ цела Македонија, низ вековите, дел од обележјето на штитот на Александар Македонски. Заедно со копјето, претставен напред пред Фалангата – најефикасната воена машинерија на стариот свет. Македонската пешадија била непоразена во одбрана и незапирлива во напад. Како симбол употребуван за да се посочи безвременска егзистенција надвор од времето и просторот и е од голема важност за традицијата на Македонците. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 23х22(см)
€41,05

Скендербег

Роден како Ѓерг Кастриот, син на Ѓон Кастриот, потекнувал од феудално христијанско семејство. Ѓон за да задржи поседи, ги дал своите синови како заложници кај Султанот. Таму Скендербег ја сменил верата во Ислам, завршил воена школа во Одрин и војувал во турската војска, однесувајки многу победи за Отоманското царство. За своите воени заслуги, го добил званието Искендер-Беј (Бег Александар), споредувајќи го со воената умешност на Александар Македонски. Користеќи ги слабостите на Отоманската Империја, се отцепил од турската власт и кренал востание. По 1443 год., ја напуштил турската војска, се вратил и повторно го прифатил христијанството. Од тогаш војувал против Османлиите. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€41,05

Ракотворба во единечна рамка,Скендер Бег на коњ

Роден како Ѓерг Кастриот, син на Ѓон Кастриот, потекнувал од феудално христијанско семејство. Ѓон за да задржи поседи, ги дал своите синови како заложници кај Султанот. Таму Скендербег ја сменил верата во Ислам, завршил воена школа во Одрин и војувал во турската војска, однесувајки многу победи за Отоманското царство. За своите воени заслуги, го добил званието Искендер-Беј (Бег Александар), споредувајќи го со воената умешност на Александар Македонски. Користеќи ги слабостите на Отоманската Империја, се отцепил од турската власт и кренал востание. По 1443 год., ја напуштил турската војска, се вратил и повторно го прифатил христијанството. Од тогаш војувал против Османлиите. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 23х22(см)
€41,05

Ракотворба во единечна рамка,Тепелак 2 (детал од мак.носија)

Невестински накит, малечка капа, карактеристичен за територијата на цела Македонија. Неговата функција не е само декоративна за да се прицврсти марамата, туку исто така симболична и заштитна. Со кружна форма, конвексно обработен, богато украсен со малежки ланци, парички и расички. Овој исклучителен примерок од крајот на XIX век е од Гостиварско, декориран со шест претстави на серафими – шестокрили ангели и високо стилизирани флорални орнаменти. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 23х22(см)
€47,50

Ракотворба во единечна рамка,Тепелак( детал од мак.носија)

Невестински накит, малечка капа, карактеристичен за територијата на цела Македонија. Неговата функција не е само декоративна за да се прицврсти марамата, туку исто така симболична и заштитна. Со кружна форма, конвексно обработен, богато украсен со малежки ланци, парички и расички. Овој исклучителен примерок од крајот на XVIII век од Кичевско е украсен со претстави на два архангели и два двоглави орли, христијански белези често претставувани на накитот од тој период. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 23х22(см)
€47,50

Ракотворба во единечна рамка,ТЕТОВСКА МЕНАДА

Овој мал украс што стоел на еден бронзен кратер пронајден во Тетово, многу брзо е прифатен како амблем на низа институции ширум Македонија. Датира од 520-500 год. Од старата ера, дел од дворјанска гробница од доцноархајско време, кога временски се завршува епохата на металот, а започнува раната историја во Македонија, чија материјална и духовна култура тесно е поврзана со големите светски центри на југоисток. Менадите биле женски учесници во Дионисиите, а овој примерок ги има сите квалитети на доцноархајска скулптура. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 23х22(см)
€41,05

Ракотворба во единечна рамка,Шарена Џамија - Тетово

Една од најубавите џамии во Македонија е Шарената Џамија, со исклучителни декорации, заедно и во ентериерот и во екстериерот. Ѕидовите се декорирани со исклучителни цртежи во Отоманско-Турскиот барокен стил. Архитектонски е моноволумена, четвртаста зграда со минаре на десната зграда. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 23х22(см)
€41,06
Затвори