Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворби во единечна рамка

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Ракотворба во единечна рамка,МАКЕДОНСКИ БРОШ сребрена

Инспирирана од брош направен во техника на филигран, од раните 1900-ти, а откриен во педесетите години, така започнува приказната на нашата пеперутка. Таа веќе станала неприкосновена сопственост на секој што живеел на оваа почва. Накитот го носеле за разубавување, за заштита, за да се познае привилегираниот слој. За се ова, е создадена таа зашеметувачка и едноставна убавина меѓу кревките крилца. За се ова, со љубов, ја создаваме, одново, секогаш. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 29х20(см)
€41,05

Ракотворба во единечна рамка,Манастир Лешок -Тетово

Св. Атанасиј или само Стар Манастир била поранешна главна манастирска црква на Лешочкиот Манастир во селото Лешок, Тетовско. Манастирската црква била изградена во 14 век, била градена во стилот на најстарите цркви во Охрид и Преспа. Ја подигнал првиот Епископ Јоаникиј. Со проучувањето на основата и фасадата е утврдено дека црквата потекнува од 6-ти век. Црквата поседува мали остатоци од фрескоживопис и тоа од 14-ти век. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 23х22(см)
€41,06

Ракотворба во единечна рамка,МЕДАЛЈОН-Св.Николе

Украсувањето на носиите е стара традиција, особено на предниот дел на градите. Златниот медалјон од XIV век е пронајден на локалитетот Ѓуриште – Св. Николе. Овој раритетен вид со разиграна форма се поврзува со личноста на Марија Палеологова, на која најверојатно и припаѓал. На него има вкрстени скапоцени камења – алмандини и се вбројува во групата на луксузни накити од средниот век. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 23х22(см)
€44,60

Ракотворба во единечна рамка,ОБЕТКА ОРИЗАРИ-Кочани

Искуството на претставување орли во религиозната и секуларна материјална култура во Македонија е широко распространет во средновековието.Постои голем опус на прикази на овие птици, особено на некои луксузни примероци на обетки. Пронајдени се на локалитетот близу Оризари – Кочанско, датирани во XIV век, најверојатно биле гробни дарови. Дали овие мотиви биле резултат на мода, религиска или хиерархиска ознака, треба да се забележи дека средновековниот накит може да навестува и припадност на здружение (еснаф) Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 29х20(см)
€41,05

Ракотворба во единечна рамка,ОБЕТКИ СО КАМЕН - Требениште

Раскошна и единствена појава се овие обетки со гулаби од III-II век, богато украсени, пронајдени во кнежевските некрополи во Требеничко Кале. Ваков извонреден накит го означува продорот на македонската политичка домонација преку струења манифестирани низ занаетчиски производи, писмо и културни појави. Овие наоди до денес остануваат едни од најважните и се жив потсетник за стилот и софистицираноста на минатите култури. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 29х20(см)
€41,05

Ракотворба во единечна рамка,ПАНАГИЈА ЗЛАТНА

Едни од најраскошните примери на кујунџиски изработки за црквата се Панагиите. Златото има видно место во христијанската симболика. Тоа ја олицетворува божествената светлина, сонцето и вистината. Сјајот на златото симболизира вечност, т.е. го симболизира библискиот рај. Црвената боја како и златото значи божествена светлина, крвта на Исус, знак за воскресението и бесмртноста. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 29х20(см)
€47,50

Ракотворба во единечна рамка,ПАНАГИЈА СРЕБРЕНА

Едни од најраскошните примери на кујунџиски изработки за црквата се Панагиите. Благородните метали имаат видно место во христијанската симболика. Среброто е олицетворение на божествената светлина, сонцето и вистината. Сјајот на среброто симболизира вечност, т.е. го симболизира библискиот рај. Сината боја е знак на продуховениот живот за длабочината и чистината на верата. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 29х20(см)
€47,50

Ракотворба во единечна рамка,Патријаршиски печат Св.Наум - Охрид

Најстариот од шесте зачувани печати, со извонредно историско значење, тесно поврзано со историјата на манастирот. Ова е најстарата претстава на оваа тема, (рало во кое се впрегнати вол и мечка), едно од чудата од житието на Св. Наум. Под тоа стои молитва: Благодат дај им Христе на моите трудови. Печатот е важен зашто зборува за високиот црковно – правен статус на Манастирот, во кризни години кои го обележале XVII век. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 23х22(см)
€41,05

Ракотворба во единечна рамка,ПАФТА 3 Битолска

Составен дел од облеката, најважен дел од појасот, се пафтите. Три елементи се во игра. Двата, сами по себе разделени, суптилно симболизирајќи крилја. Централниот дел го претставува соединувањето, како јадро на тајната на пафтите. А, тајната на македонската пафта лежи во поврзувањето. Штом еднаш ке биде сфатен нејзиниот концепт, ке се навлезе во анатомијата на традиционалното разбирање на поврзаноста на различните ентитети. Опис на производот: Ракотворба од месинг во единечна рамка Дим.: 29х20(см)
€44,60

Ракотворба во единечна рамка,Пафта Скопје 18 век

Составен дел од облеката, најважен дел од појасот, се пафтите. Три елементи се во игра. Двата, сами по себе разделени, суптилно симболизирајќи крилја. Централниот дел го претставува соединувањето, како јадро на тајната на пафтите. А, тајната на македонската пафта лежи во поврзувањето. Штом еднаш ке биде сфатен нејзиниот концепт, ке се навлезе во анатомијата на традиционалното разбирање на поврзаноста на различните ентитети. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 29х20(см)
€41,05
Затвори