Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворби во двојна рамка

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Ракотворба во двојна рамка,МАКЕДОНСКО СОНЦЕ

Македонското сонце е несомнено најстариот симбол на светот, што сеуште опстојува како културно обележје на Македонците. Овој шестнаесет-крак амблем е почитуван преку три илјади години. Се појавува на монети, воена опрема и уметност на Античка Македонија и продолжува да биде национален печат на македонскиот народ, до денес. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€72,45

Ракотворба во двојна рамка,Манастир Лешок -Тетово

Св. Атанасиј или само Стар Манастир била поранешна главна манастирска црква на Лешочкиот Манастир во селото Лешок, Тетовско. Манастирската црква била изградена во 14 век, била градена во стилот на најстарите цркви во Охрид и Преспа. Ја подигнал првиот Епископ Јоаникиј. Со проучувањето на основата и фасадата е утврдено дека црквата потекнува од 6-ти век. Црквата поседува мали остатоци од фрескоживопис и тоа од 14-ти век. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см
€70,84

Ракотворба во двојна рамка,МЕДАЛЈОН-Св.Николе

Украсувањето на носиите е стара традиција, особено на предниот дел на градите. Златниот медалјон од XIV век е пронајден на локалитетот Ѓуриште – Св. Николе. Овој раритетен вид со разиграна форма се поврзува со личноста на Марија Палеологова, на која најверојатно и припаѓал. На него има вкрстени скапоцени камења – алмандини и се вбројува во групата на луксузни накити од средниот век. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€70,84

Ракотворба во двојна рамка,ОБЕТКИ ОРИЗАРИ

Искуството на претставување орли во религиозната и секуларна материјална култура во Македонија е широко распространет во средновековието.Постои голем опус на прикази на овие птици, особено на некои луксузни примероци на обетки. Пронајдени се на локалитетот близу Оризари – Кочанско, датирани во XIV век, најверојатно биле гробни дарови. Дали овие мотиви биле резултат на мода, религиска или хиерархиска ознака, треба да се забележи дека средновековниот накит може да навестува и припадност на здружение (еснаф) Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€82,11

Ракотворба во двојна рамка,ОБЕТКИ СО КАМЕН-Требениште

Раскошна и единствена појава се овие обетки со гулаби од III-II век, богато украсени, пронајдени во кнежевските некрополи во Требеничко Кале. Ваков извонреден накит го означува продорот на македонската политичка доминација преку струења манифестирани низ занаетчиски производи, писмо и културни појави. Овие наоди до денес остануваат едни од најважните и се жив потсетник за стилот и софистицираноста на минатите култури. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€82,11

Ракотворба во двојна рамка,ОПКОВ КОРИЦА од СВ.ЕВАНГ

Многу исклучителен дел од кујунџиските изработки за црквата се опковите – украсувањата на црковните книги. Овој примерок е од XVIII век, од Св. Јован Бигорски, манастир по многу нешта значаен посебно во изведбата и креативноста на целата уметност што излегла од таму. Основата на опковот е покриена со виугави флорални елементи. Посебно е обрнато внимание на рељефноста на фигурите. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€60,70

Ракотворба во двојна рамка,ОПКОВ од Св.ЕВАНГЕЛ

Кујунџиски изработки за црквата се бројни, меѓу кои една од највпечатливите се украсувањата на црковните книги. На овој опков од XVIII век, од цркавата Св. Софија од Охрид, во централниот дел се две симетрични претстави на Распетието Исусово и слегувањето во пеколот. Во надворешната рамка, горе и долу се празници поврзани со Богородица-Благовештение и Успение на Богородица. Во орнаменти од виугава лоза се претставени четворицата Евангелисти во цел раст, со своите атрибути и допојасни претстави на останатите Апостоли. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€169,05

Ракотворба во двојна рамка,ПАНАГИЈА 1 (златна боја)

Едни од најраскошните примери на кујунџиски изработки за црквата се Панагиите. Златото има видно место во христијанската симболика. Тоа ја олицетворува божествената светлина, сонцето и вистината. Сјајот на златото симболизира вечност, т.е. го симболизира библискиот рај. Црвената боја како и златото значи божествена светлина, крвта на Исус, знак за воскресението и бесмртноста. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 37х30(см)
€70,84

Ракотворба во двојна рамка,ПАНАГИЈА 2 (сребрена боја)

Едни од најраскошните примери на кујунџиски изработки за црквата се Панагиите. Благородните метали имаат видно место во христијанската симболика. Среброто е олицетворение на божествената светлина, сонцето и вистината. Сјајот на среброто симболизира вечност, т.е. го симболизира библискиот рај. Сината боја е знак на продуховениот живот за длабочината и чистината на верата. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 37х30(см)
€70,84

Ракотворба во двојна рамка,ПАТРИЈАРШИСКИ ПЕЧАТ-Охрид

Најстариот од шесте зачувани печати, со извонредно историско значење, тесно поврзано со историјата на манастирот. Ова е најстарата претстава на оваа тема, (рало во кое се впрегнати вол и мечка), едно од чудата од житието на Св. Наум. Под тоа стои молитва: Благодат дај им Христе на моите трудови. Печатот е важен зашто зборува за високиот црковно – правен статус на Манастирот, во кризни години кои го обележале XVII век. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€70,84

Ракотворба во двојна рамка,ПАФТА 3 (Битолска)

Составен дел од облеката, најважен дел од појасот, се пафтите. Три елементи се во игра. Двата, сами по себе разделени, суптилно симболизирајќи крилја. Централниот дел го претставува соединувањето, како јадро на тајната на пафтите. А, тајната на македонската пафта лежи во поврзувањето. Штом еднаш ке биде сфатен нејзиниот концепт, ке се навлезе во анатомијата на традиционалното разбирање на поврзаноста на различните ентитети. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€82,11

Ракотворба во двојна рамка,ПАФТА 4 (комб.златна со сребрена боја)

Составен дел од облеката, најважен дел од појасот, се пафтите. Три елементи се во игра. Двата, сами по себе разделени, суптилно симболизирајќи крилја. Централниот дел го претставува соединувањето, како јадро на тајната на пафтите. А, тајната на македонската пафта лежи во поврзувањето. Штом еднаш ке биде сфатен нејзиниот концепт, ке се навлезе во анатомијата на традиционалното разбирање на поврзаноста на различните ентитети. Опис на производот: Ракотворба од месинг и никлован месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€149,73
Затвори