Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворби во двојна рамка

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Ракотворба во двојна рамка,Александар Македонски во кочија

Крал на Македонија, освојувач на Персиската Империја, сметан за еден од најголемите воени гении на сите времиња. Син на Филип Втори и Олимпија, принцеза на соседниот Епир. Престолот го наследува на дваесет години, по смрта на неговиот татко, поведувајќи ја македонската армија и освојувајќи го поголемиот дел од тогаш познатиот свет. Македонија станала најголемата Империја од Европа до Индија. Владеел надмоќно и со цврста воља. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 42х35(см)
€106,26

Ракотворба во двојна рамка,Александар Македонски во штит

Александар носи круна со рогови од овен, за разлика од маслиновата, карактеристична за Римјаните и Грците. Овенот имал посебно место во културата на Античка Македонија. Неговиот портрет опкружен со старомакедонскиот симбол на вечноста, дел од обележјето на штитот на неговата армија. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€72,45

Ракотворба во двојна рамка,АМАЈЛИЈА

Претставуваат специјална група на производи блиски до накитот, но со поинаква намена. По приемот на христијанството, во овие краишта, појавени се бројни амајлии кои најчесто се носеле на вратот. Најраскошните меѓу нив се изработувани од два дела. Предната и задната половина се спојуваат и оставаат шуплина за чување реликвии во неа. Украсена е со рељеф на Распнатиот Христос, со Богородица и Св. Јован, опкружени со флорални елементи. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€70,84

Ракотворба во двојна рамка,ГАЛИЧКА ПАФТА 1

Составен дел од облеката, најважен дел од појасот, се пафтите. Три елементи се во игра. Двата, сами по себе разделени, суптилно симболизирајќи крилја. Централниот дел го претставува соединувањето, како јадро на тајната на пафтите. А, тајната на македонската пафта лежи во поврзувањето. Штом еднаш ке биде сфатен нејзиниот концепт, ке се навлезе во анатомијата на традиционалното разбирање на поврзаноста на различните ентитети. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€106,26

Ракотворба во двојна рамка,ГАЛИЧКА ПАФТА 2

Составен дел од облеката, најважен дел од појасот, се пафтите. Три елементи се во игра. Двата, сами по себе разделени, суптилно симболизирајќи крилја. Централниот дел го претставува соединувањето, како јадро на тајната на пафтите. А, тајната на македонската пафта лежи во поврзувањето. Штом еднаш ке биде сфатен нејзиниот концепт, ке се навлезе во анатомијата на традиционалното разбирање на поврзаноста на различните ентитети. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€106,26

Ракотворба во двојна рамка,Детал од носија ТЕПЕЛАК 1

Невестински накит, малечка капа, карактеристичен за територијата на цела Македонија. Неговата функција не е само декоративна за да се прицврсти марамата, туку исто така симболична и заштитна. Со кружна форма, конвексно обработен, богато украсен со малежки ланци, парички и расички. Овој исклучителен примерок од крајот на XVIII век од Кичевско е украсен со претстави на два архангели и два двоглави орли, христијански белези често претставувани на накитот од тој период. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€78,89

Ракотворба во двојна рамка,Детал од носија ТЕПЕЛАК 2

Невестински накит, малечка капа, карактеристичен за територијата на цела Македонија. Неговата функција не е само декоративна за да се прицврсти марамата, туку исто така симболична и заштитна. Со кружна форма, конвексно обработен, богато украсен со малежки ланци, парички и расички. Овој исклучителен примерок од крајот на XIX век е од Гостиварско, декориран со шест претстави на серафими – шестокрили ангели и високо стилизирани флорални орнаменти. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€78,89

Ракотворба во двојна рамка,ЗЛАТНА РИТУАЛНА МАСКА

Ритуални маски, дел од луксузните предмети, употребувани како покров, при одржувањето на погребниот култ. Локалните владетели – Пајонски кнезови, од VI век п.н.е., ги изградиле овие некрополи на Требенишко Кале. Тоа бил периодот пред државата да биде обединета од страна на најмоќната династија, Агреадите, првата на Македонското Кралство. Опис на производот: Ракотворба од месинг so 24к. позлата во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€72,45

Ракотворба во двојна рамка,ЗЛАТНА РИТУАЛНА МАСКА -САМОИЛОВА

Од извонредна важност е да се дефинираат овие ритуални предмети, пронајдени на Самоиловата Тврдина, кои ја потврдуваат единственоста на македонската материјална култура. Да се истакне, овие ритуали се едни од најважните елементи, кои веднаш по јазикот, ја детерминираат етногенезата на племињата. Локалните владетели од V век, п.н.е., ги употребувале овиел луксузни предмети како покров при одржувањето на погребниот култ. Тоа бил периодот пред државата да биде обединета од страна на најмоќната династија, Агреадите, првата на Македонското Кралство. Опис на производот: Ракотворба од месинг со 24к. позлата во двојна рамка Дим.: 32х32(см)
€72,45

Ракотворба во двојна рамка,КАМЕН МОСТ-Скопје

Несомнено, еден од најзначајните споменици на културата, со векови поврзувајќи ги двата дела на Вардар. Постојат две различни мислења за времето на изградбата на мостот. Според едно, изграден е за време на Ромејското владеење, средина на VI век, по земјотресот во 518 год., кога бил разурнат античкиот град Скупи. Според друго, изграден е за време на владеењето на Османлиите, втора половина на XV век, под покровителство на Мехмед II – Oсвојувачот, 1451-1469 год. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 43х30,5(см)
€66,82

Ракотворба во двојна рамка,МАК.БРОШ - ПЕПЕРУТКА

Инспирирана од брош направен во техника на филигран, од раните 1900-ти, а откриен во педесетите години, така започнува приказната на нашата пеперутка. Таа веќе станала неприкосновена сопственост на секој што живеел на оваа почва. Накитот го носеле за разубавување, за заштита, за да се познае привилегираниот слој. За се ова, е создадена таа зашеметувачка и едноставна убавина меѓу кревките крилца. За се ова, со љубов, ја создаваме, одново, секогаш. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 37х30(см)
€66,01

Ракотворба во двојна рамка,Мак.БРОШ - СРЕБРЕН

Инспирирана од брош направен во техника на филигран, од раните 1900-ти, а откриен во педесетите години, така започнува приказната на нашата пеперутка. Таа веќе станала неприкосновена сопственост на секој што живеел на оваа почва. Накитот го носеле за разубавување, за заштита, за да се познае привилегираниот слој. За се ова, е создадена таа зашеметувачка и едноставна убавина меѓу кревките крилца. За се ова, со љубов, ја создаваме, одново, секогаш. Опис на производот: Ракотворба од месинг во двојна рамка Дим.: 37х30(см)
€66,01
Затвори