Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворба на дрвена поставка

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Раковторба на дрвена поставка МАКЕДОНСКО СОНЦЕ

Македонското сонце е несомнено најстариот симбол на светот, што сеуште опстојува како културно обележје на Македонците. Овој шестнаесет-крак амблем е почитуван преку три илјади години. Се појавува на монети, воена опрема и уметност на Античка Македонија и продолжува да биде национален печат на македонскиот народ, до денес. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден

Ракотворба на дрвена поставка Александар Македонски во штит

Александар носи круна со рогови од овен, за разлика од маслиновата, карактеристична за Римјаните и Грците. Овенот имал посебно место во културата на Античка Македонија. Неговиот портрет опкружен со старомакедонскиот симбол на вечноста, дел од обележјето на штитот на неговата армија. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден

Ракотворба на дрвена поставка МЕДАЉОН

Украсувањето на носиите е стара традиција, особено на предниот дел на градите. Златниот медалјон од XIV век е пронајден на локалитетот Ѓуриште – Св. Николе. Овој раритетен вид со разиграна форма се поврзува со личноста на Марија Палеологова, на која најверојатно и припаѓал. На него има вкрстени скапоцени камења – алмандини и се вбројува во групата на луксузни накити од средниот век. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден

Ракотворба на дрвена поставка МЕНАДА

Овој мал украс што стоел на еден бронзен кратер пронајден во Тетово, многу брзо е прифатен како амблем на низа институции ширум Македонија. Датира од 520-500 год. Од старата ера, дел од дворјанска гробница од доцноархајско време, кога временски се завршува епохата на металот, а започнува раната историја во Македонија, чија материјална и духовна култура тесно е поврзана со големите светски центри на југоисток. Менадите биле женски учесници во Дионисиите, а овој примерок ги има сите квалитети на доцноархајска скулптура. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден

Ракотворба на дрвена поставка ОБЕТКА Оризари

Искуството на претставување орли во религиозната и секуларна материјална култура во Македонија е широко распространет во средновековието.Постои голем опус на прикази на овие птици, особено на некои луксузни примероци на обетки. Пронајдени се на локалитетот близу Оризари – Кочанско, датирани во XIV век, најверојатно биле гробни дарови. Дали овие мотиви биле резултат на мода, религиска или хиерархиска ознака, треба да се забележи дека средновековниот накит може да навестува и припадност на здружение (еснаф) Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден

Ракотворба на дрвена поставка ОБЕТКА со камен-Требениште

Раскошна и единствена појава се овие обетки со гулаби од III-II век, богато украсени, пронајдени во кнежевските некрополи во Требеничко Кале. Ваков извонреден накит го означува продорот на македонската политичка домонација преку струења манифестирани низ занаетчиски производи, писмо и културни појави. Овие наоди до денес остануваат едни од најважните и се жив потсетник за стилот и софистицираноста на минатите култури. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден

Ракотворба на дрвена поставка ПАТРИЈАРШИСКИ ПЕЧАТ

Најстариот од шесте зачувани печати, со извонредно историско значење, тесно поврзано со историјата на манастирот. Ова е најстарата претстава на оваа тема, (рало во кое се впрегнати вол и мечка), едно од чудата од житието на Св. Наум. Под тоа стои молитва: Благодат дај им Христе на моите трудови. Печатот е важен зашто зборува за високиот црковно – правен статус на Манастирот, во кризни години кои го обележале XVII век. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден

Ракотворба на дрвена поставка ПЕПЕРУТКА 1(златна)

Инспирирана од брош направен во техника на филигран, од раните 1900-ти, а откриен во педесетите години, така започнува приказната на нашата пеперутка. Таа веќе станала неприкосновена сопственост на секој што живеел на оваа почва. Накитот го носеле за разубавување, за заштита, за да се познае привилегираниот слој. За се ова, е создадена таа зашеметувачка и едноставна убавина меѓу кревките крилца. За се ова, со љубов, ја создаваме, одново, секогаш. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден

Ракотворба на дрвена поставка ПЕПЕРУТКА 2 (сребрена)

Инспирирана од брош направен во техника на филигран, од раните 1900-ти, а откриен во педесетите години, така започнува приказната на нашата пеперутка. Таа веќе станала неприкосновена сопственост на секој што живеел на оваа почва. Накитот го носеле за разубавување, за заштита, за да се познае привилегираниот слој. За се ова, е создадена таа зашеметувачка и едноставна убавина меѓу кревките крилца. За се ова, со љубов, ја создаваме, одново, секогаш. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден

Ракотворба на дрвена поставка Симбол на вечност

Овој симбол е распространет низ цела Македонија, низ вековите, дел од обележјето на штитот на Александар Македонски. Заедно со копјето, претставен напред пред Фалангата – најефикасната воена машинерија на стариот свет. Македонската пешадија била непоразена во одбрана и незапирлива во напад. Како симбол употребуван за да се посочи безвременска егзистенција надвор од времето и просторот и е од голема важност за традицијата на Македонците. Опис на производот: Ракотворба од месинг на дрвена поставка Дим.: 16x12x7,5(см)
1.200,00 ден
Затвори