Добредојдовте на АГЕНС, веб страна и електронска продавница!
Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Filters
Пребарување

Ракотворба во дрвена кутија

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Ракотворба во дрвена кутија ,Тетовска МЕНАДА (мала)

Овој мал украс што стоел на еден бронзен кратер пронајден во Тетово, многу брзо е прифатен како амблем на низа институции ширум Македонија. Датира од 520-500 год. Од старата ера, дел од дворјанска гробница од доцноархајско време, кога временски се завршува епохата на металот, а започнува раната историја во Македонија, чија материјална и духовна култура тесно е поврзана со големите светски центри на југоисток. Менадите биле женски учесници во Дионисиите, а овој примерок ги има сите квалитети на доцноархајска скулптура. Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54

Ракотворба во дрвена кутија,Алекасандар Македонски во штит(мала)

Александар носи круна со рогови од овен, за разлика од маслиновата, карактеристична за Римјаните и Грците. Овенот имал посебно место во културата на Античка Македонија. Неговиот портрет опкружен со старомакедонскиот симбол на вечноста, дел од обележјето на штитот на неговата армија. Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54

Ракотворба во дрвена кутија,МАКЕДОНСКО СОНЦЕ(мала)

Македонското сонце е несомнено најстариот симбол на светот, што сеуште опстојува како културно обележје на Македонците. Овој шестнаесет-крак амблем е почитуван преку три илјади години. Се појавува на монети, воена опрема и уметност на Античка Македонија и продолжува да биде национален печат на македонскиот народ, до денес. Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54

Ракотворба во дрвена кутија,МЕДАЉОН Св.Николе (мала)

Украсувањето на носиите е стара традиција, особено на предниот дел на градите. Златниот медалјон од XIV век е пронајден на локалитетот Ѓуриште – Св. Николе. Овој раритетен вид со разиграна форма се поврзува со личноста на Марија Палеологова, на која најверојатно и припаѓал. На него има вкрстени скапоцени камења – алмандини и се вбројува во групата на луксузни накити од средниот век. Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54

Ракотворба во дрвена кутија,Обетка Оризари (мала)

Искуството на претставување орли во религиозната и секуларна материјална култура во Македонија е широко распространет во средновековието.Постои голем опус на прикази на овие птици, особено на некои луксузни примероци на обетки. Пронајдени се на локалитетот близу Оризари – Кочанско, датирани во XIV век, најверојатно биле гробни дарови. Дали овие мотиви биле резултат на мода, религиска или хиерархиска ознака, треба да се забележи дека средновековниот накит може да навестува и припадност на здружение (еснаф). Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54

Ракотворба во дрвена кутија,Обетка со камен Требениште (мала)

Раскошна и единствена појава се овие обетки со гулаби од III-II век, богато украсени, пронајдени во кнежевските некрополи во Требеничко Кале. Ваков извонреден накит го означува продорот на македонската политичка домонација преку струења манифестирани низ занаетчиски производи, писмо и културни појави. Овие наоди до денес остануваат едни од најважните и се жив потсетник за стилот и софистицираноста на минатите култури. Опис на производот: Ракотворба од месинг во дрвена кутија Дим.: 15х14(см)
€22,54
Затвори